Едно лице загина, неколкумина повредени во тешка сообраќајка во Кавадарци
Објавено на 20 ноември, 2020 во 17:56
20.11.2020
Едно лице загина, а неколку се повредени во тешката сообраќајна незгода што вечерва се случи помеѓу трактор и два автомобила во Кавадарци.
Од Итната медицинска помош потврдија за МИА дека засега со сигурност може да се каже дека има една жртва, а точниот број на повредени засега не може да се каже.
Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски рече дека во тек е увид на лице место и засега не може да каже повеќе детали.
Мите Јаначков
