Нови 43 ковид позитивни во Тиквешко

Објавено на 27 ноември, 2020 во 14:38

kavadarci kovd

27.11.2020

Во последните 24 часа во тиквешкиот регион се дијагностицирани вкупно 43 нови позитивни на корона вирус, информираа од Центарот за јавно здравје во Кавадарци.

Од новите случаи 32 лица се регистрирани во Кавадарци, 10 во Неготино и 1 лице во Демир Капија.   

Позитивните се на возраст од 17 до 79 години, информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

Во ковид центарот во кавадаречката болница се хоспитализирани 44 пациенти и сите се во стабилна општа состојба. Има слободни 16 болнички кревети.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.