Синоќа се пукало во Кавадарци
Возилото на кавадарчанецот Б.С роден 1965 година настрадало во синоќешната пукотница која се случила во центарот на градот. Од полицијата потврдија дека бил нарушен јавниот ред и мир со пукање.
„Синоќа во 22 часот Б.С од Кавадарци пријави дека околу 21.45 часот додека со своето возило марка „Нисан Tерано“ се движел по улицата „Цано Поп Ристов“ слушнал силно пукање. Во возилото со него бил и неговиот брат. Кога стигнале на раскрсницата со улицата „Илинденска“ и се свртеле назад во возилото забележале дека е скршено задното ветробранско стакло“ рече Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.
Таа информира дека полицијата веднаш извршила увид на посоченото место каде се слушнале пукотниците и била пронајдена една чаура. Во моментов се работи на расчистување на случајот и има едно осомничено лице./А.Д
