Вработените во општина Кавадарци и јавните претпријатија ќе добијат покачување на платите (видео)
Вработените во ЈП „Комуналец“ Кавадарци ќе добијат покачување на платите – информираше на денешната прес конференција градоначалникот Митко Јанчев.
Повисоки плати за 2.806 денари ќе добијат и 108 вработени во општина Кавадарци. Јанчев апелираше овој тренд да се следи и на државно ниво.
На вчерашниот состанок помеѓу претставници на ССМ, УПОЗ, СГИП и СИЕР со градоначалникот Митко Јанчев беше постигната согласност за усогласување на платите за 2.806 денари во нето износ.
Од ССМ информираа дека градоначалникот Јанчев и претседателот на ССМ Димовски се согласиле дека за да се исполни ова, ќе бидат формирани нови синдикални организации како во Општина Кавадарци, каде што ќе се склучи колективен договор со УПОЗ, така и спогодби во Јавните претпријатија со Синдикатот СУТКОЗ.
„Со постигнатата согласност, а со потпишување на нов Колективен договор за вработените во Општина Кавадарци и спогодбите во Јавните претпријатија ЈП „Комуналец“, ЈП за јавни паркиралишта „Паркинг“ и спортска сала „Јасмин“ ќе се зголемат платите за 2.806 денари, рекоа од СДСМ.
Ангел Данов