Кавадаречки пожарникари со против пожарни возила заминаа на помош во гаснењето на пожарот на Пелистер

Објавено: 31 август, 2026, во 10:19 часот

Три противпожарни возила и шест пожарникари од ТППЕ Кавадарци од претпладнрво се вклучени во гаснењето на пожарот на Пелистер. Тие утрово заминаа кон Битола за да дадат поддршка на тамошните колеги во справувањето со пожарот.

„Солидарноста во услови на сериозни предизвици и меѓусебната поддршка се од особено значење. Кавадарци и кавадаречките пожарникари остануваат подготвени да помогнат секогаш кога тоа е потребно,“ соопшти Митко Јанчев градоначалник на Кавадарци.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.