Ковид болничка соба со 3 пациенти и на Невропсихијатрија, во велешка Општа болница
Согласно новите протоколи за лекување на ковид пациенти на министерството за здравство отворена е болничка соба и на одделението за Невропсихијатрија во ЈЗУ Општа болница Велес. Оваа болничка соба е отворена минатата недела откако се појави пациент позитивен на Ковид 19. Денеска на ова одделение се лекуваат тројца пациенти.
Останатите осум од ковид пациентите се хоспитализирани на Инфективно одделение. Четворица се на кислородна поддршка. На болничко лекување се и двајца непотврдени пациенти. Во изминатите седум дена болничка здравствена помош побарале двајца нови пациенти.
-Вкупниот број на ковид пациенти изнесува 11. Нема оздравени и испишани пациенти. Во велешка Општа болница има 22 слободни болнички кревети за ковид пациенти, рече портпаролката д-р Елена Левкова Ќулумова.
Согласно новите здравствени протоколи болницата подготви по една ковид болничка соба на сите одделенија во комплексот.
Убавка Јаневска