Крај на казните
Објавено на 2 јуни, 2021 во 14:43

Во денешниот полициски билтен, запишани се и последните казни за граѓаните кои не ја почитувале Уредбата за носење на лична заштита. Во текот на последното деноноќие, на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес, казнети се 15 граѓани од кои 12 во Велес и тројца во Неготино.
За непочитување на забраната за движење за време на полициски час, полициските службеници немаат евидентирано ниту еден прекршок.
Исто така, во Полициска станица Велес, 45 годишниот велешанец А.Т, пријавил дека вчера, на улица „Васил Ѓорѓов“ бил каснат од бездомно куче.
Стефани Манева
