Крај на учебната година, полуматурантите на ООУ „Васил Главинов“славеа со музика и оро (фото и видео)
Заврши учебната година и за учениците на четирите основни училишта во Велес. За некои од нив, поточно за деветоодделенците, последниот учебен ден претставуваше момент за славење и во исто време разделба со соучениците од класот, со наставниците кои во изминатите девет години ги образуваа како и со училиштето во кое поминуваа поголем дел од денот. Еве како се веселеа ученици во едно од поголемите училишта во градот во кое учеа 160 деветоодделенци во седум паралелки.
Учениците ја организираа прославата со музиканти и се веселеа пеејќи и играјќи. Тапанот, кларинетот и хармониката ги свиреа најпознатите македонски песни. Деветоодделенците на дел од песните играа и оро во училишниот двор.
„Сакавме последниот ден од образованието во основното училиште да ни остане во трајно сеќавање, Со дел од соучениците можеби ќе учиме во средно образование но секако нема да бидеме сите заедно. Затоа одлучивме да се веселиме на овој начин,“ рекоа дел од деветоодделениците.
Дума.мк