Кривична пријава заработија неготинско „Водостопанство“ и велешанец како одговорно лице за ископ на песок од Вардар со истечена дозвола
За вршење ископ на песок од Вардар со истечена дозвола, денеска, СВР Велес до Основно јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава за „несовесно работење“ против фирмата „Водостопанство“ од Неготино и одговорното лице, велешанецот К.Г. Во кривичната пријава фирмата се сомничи за ископ на песок по истекување на дозвола додека одговорното лице за не спречување на нелегалното работење.
„ Отсекот за економски криминал на СВР Велес поднесе кривична пријава против правно лице од Неготино и против К.Г.(53) од Велес, одговорно лице од Водостопанство за контрола на работењето на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.
Полициски службеници од Отсекот за економски криминал, на 17 октомври 2023, извршиле контрола во правното лице во Неготино, кое врши ископ на песок, при што било констатирано несовесно работење од страна на К.Г., односно по истекот на важноста на дозволата за вршење на ископ на 05.10.2023 и без никакво одобрување или дозвола од Министерството за животна средина, правното лице продолжило со активноста на ископ на песок на речното корито во Неготино, на место викано „Илкова лака“, соопшти Билјана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Убавка Јаневска