Летово во центар на Велес ќе биде отворена Европска куќа (фото и видео)

Објавено на 27 февруари, 2023 во 15:05
Фото: Н.Е Дејвид Гир и Градоначалник Марко Колев

Меморандум за разбирање за Европската куќа во Велес денеска потпишаа Амбасадорот на Европска Унија во Македонија  Н.Е Дејвид Гир и градоначалникот на Велес, Марко Колев. Со него се официјализираше преуредувањето на приземјето на популарно наречената „Зграда на Синдикат“ во центарот на градот како и комплетното уредување на просторот со мебел, опрема и технички помагала.

Фото: Приземје на „Зграда на Синдикат“ во Велес
Фото: „Зграда на Синдикат“ во центар на Велес

Европската куќа се отвора за потребите од неформална едукација и други видови на активности пред се за потребите на младите луѓе во Велес од сите аспекти на нивниот живот, нивната иднина како и иднината на Македонија, како земја членка на ЕУ. По трите веќе отворени велешката Европска куќа ќе биде четврта во државата. До крајот на годинава во државата ќе бидат отворени вкупно седум Европски куќи во исто толку градови.

-Самото присуство на Европска куќа во вашиот град е знак на посветеноста на ЕУ на вашата иднина во европското семејство како и на значајната улога којашто младите луѓе ја имаат во транзицијата на патот кон Европска Унија и ранг улогата во унијата. Исто така ги повикувам сите граѓани на Велес, од различни етнички заедници, да бидат дел од овој проект за да ги дискутираат со младите луѓе сите приоритети значајни за иднината, рече евроамбасадорот Гир.

-На мое огромно задоволство денеска заедно со Н.Е. Дејвид Гир, амбасадорот на ЕУ во Македонија, потпишавме Меморандум за разбирање за Европска куќа во Велес со што уште еднаш ја потврдивме одличната соработка на општината со Делегацијата на ЕУ, рече Колев.

Фото: Внатрешност на Европска куќа Велес

Евроамбасадорот Гир и градоначалникот Колев ја посетија локацијата во која ќе биде сместена Европската куќа. Тие беа детално запознати од фирмата изведувач за превземените градежните преадаптации како и за преостанатиот обем на работа.

Фото: Внатрешност на Европска куќа Велес

Европската куќа ќе има 210 м2 покриен дел, канцеларии и сали, како и најмалку 60 м2 отворен простор. Севкупната инвестиција на ЕУ за Европска куќа во Велес чини околу 300.000 евра.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.