Лишен од слобода дилер на дрога во Велес
Објавено: 16 ноември, 2023, во 15:07 часот
Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР Велес денеска го лишиле од слобода Д.Б.(37) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, дигитална вага и пари во различни апоени.
„Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава,“соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска




