Лишен од слобода маж во село Лисиче за загрозување на сигурност на повеќе граѓани
Објавено на 11 август, 2024 во 15:17
Полициски службеници на СВР Велес го лишиле од слобода С.М. (56) од општина Чашка бидејќи во центарот на село Лисиче, вчера вечер, во 22:40 часот, ја загрозил сигурноста на повеќе лица, упатувајќи им закани а во еден момент и го стартувал неговото патничко моторно возило „Шкода Фелиција“, без регистарски ознаки, со што предизвикал страв кај присутните.
-За настанот бил известен Јавен обвинител од Основно Јавно Обвинителство Велес и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Татјана Ѓуровска од СВР Велес.
Дума.мк