Лозар од кавадаречко Дреново додека работел пронашол минофрлачка граната

Објавено: 20 август, 2026, во 15:54 часот

Триесет и седум годишниот лозар гранатата ја пронашол, вчера претпладне, додека работел во сопственото лозје и ја пријавил во Одделение за внатрешни работи (ОВР) Кавадарци.

„На 19.08.2026 во 10:00 часот во ОВР Кавадарци, Т.Д.(37) од Кавадарци пријави дека додека извршувал земјоделски работи на лозов насад кај село Дреново, кавадаречко, пронашол експлозивна направа. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци, а од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, експлозивната направа била безбедно подигната, при што било констатирано дека се работи за минофрлачка граната со калибар 60мм, оштетена од корозија и без запалка,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес.

Убавка Јаневска 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.