Бошковски: Најголем парк во државата што го симболизира македонското знаме доби општина Лозово (видео)

Објавено: 20 август, 2026, во 14:11 часот

Вака изгледа снимена од дрон новата парковска површина во Лозово, административниот центар на истата општина.

Паркот се простира на површина со вкупно 14.000 метри квадратни, наменет е за рекреација и спорт на граѓаните на локалната заедница. Новата јавна зелена површина специфична е по својот изглед затоа што од воздух прикажува глетка на македонското  знаме. Просторот, кој според својот изглед е единствен во државата, е поделен на две зони додека средствата за изградба обезбедени се преку проект финансиран од унгарскиот кредит, вели градоначалникот Бошко Цветковски.

Паркот свечено ќе биде пуштен на празникот 8 септември, на 35 годишнината од независноста на Македонија. Во моментов површината се доуредува со тоа што на бехатон патеките се поставува осветлување со лед траки за во вечерните часови, со што засега е единствен парк од ваков вид во земјава.

Вториот проект што го реализира Општина Лозово е партнерски, со општина Свети Николе, со која што се поврзува преку пат кој мине низ село Ѓузумелци.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.