Малолетник од Неготино се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода

Објавено на 23 мај, 2024 во 15:26

На крстосница од улицата „Маршал Тито“ и „Ацо Аџи – Илов“ во Неготино, ноќеска, еден час по полноќ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „алфа“ и мопед „априлија“. Автомобилот бил управуван од триесет и четири годишниот Т.К додека мопедот од малолетен неготинец.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот констатирани во Општа болница Кавадарци. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршил увидна екипа од ОВР Неготино.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.