МОН: Овозможување на правото на образование на мајчин јазик за секој ученик, тогаш воспитно – образовниот процес е најефикасен и ефективен
Министерството за образование соопшти став за отворањето на албанска паралелка во ООУ„Тодор Јанев“ во населба Чашка.
„Министерството за образование и наука се заложува за овозможување на правото на образование на мајчин јазик за секој ученик, затоа што тогаш воспитно – образовниот процес е најефикасен и ефективен. Во посоченото училиште е постапено согласно барањата на дел од жителите во населеното место и имајќи предвид дека сите останати услови се исполнети, а најважно е што постојат и просторни услови, како и обезбедени се средства од инистерството за финансии, се отвори паралелка на албански наставен јазик,“ напиша министерството.
Во соопштениот став не се спомнати обврските кои произледуваат од Закон за реонизација, обезбедување на настава во основно училиште кое припаѓа на населено место, град, најблизок до местото на живеење, според личните документи на родителите на ученикот како и Статутот на ООУ„Тодор Јанев“ во којшто дефинирано е дека наставата на учениците се изведува на македонски јазик.
Убавка Јаневска