Наместо во приватни лаборатории во Скопје граѓаните Д-димери можат да мерат и во Велес

Објавено на 9 јуни, 2021 во 11:43
Апарат за биохемиски анализи во ЈЗУ Здравствен дом Велес

Од 30 до 50 анализи Лу 1, дневно, паралелно се работат во лабораториите на двете јавни здравствени установи со кои се мерат Д-димери на нови ковид болни во Велес. Упатот на пациентите го издаваат матичните лекари во градот. Крв за потребите на овие пациенти се зема во термин помеѓу 11 и 13 часот. Резултатите се внесуваат во електронски систем во кој увид имаат матичните лекари и преку нив болните граѓани од Ковид-19. Резултатите се ставаат на располагање истиот ден во кој е  земена крв од граѓаните пациенти. Ова е бесплатна анализа за сите граѓани бидејќи е покриена со партиципација од Фондот за здравство.

Исто така, пост ковид пациентите, можат да измират Д-димери со лабораториска анализа Лу 2 во двете лаборатории, на Здравствениот дом и на Општа болница во Велес. Тие потребно е да дојдат рано наутро поточно во период од 7 до 9 часот. Резултатите ги добиваат во истиот ден. За ова лабораториска анализа потребен е упат од матичен лекар, од специјалист интернист или од специјалист инфектолог. Така анализата паѓа на товар на Фондот за здравство и граѓаните можат да ја направат со партиципација од само 150 денари. Доколку граѓаните се крводарители тогаш за нив е бесплатна. Единствено ако станува збор за граѓани кои не се осигурани тогаш тие ја плаќаат цената од 1.770 денари дефинирана од Фондот за здравствено осигурување.

Апарат за биохемиска анализа во Лабораторија на ЈЗУ Општа болница Велес

Освен ковид и пост ковид пациенти, Д-димери, мерат и граѓани кои имаат потреба од вакви анализи за други заболувања.  

За разлика од цената што граѓаните ја плаќаат во приватните лаборатории во Скопје, и што изнесува од 1.200 до 2.000 денари, во двете јавни здравствени установи во Велес анализата чини 150 денари.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.