Наскоро јавен повик за распределба на становите во социјалната зграда во Свети Николе
Зградата со вкупно 48 стамбени единици е готова пред рокот за изведба. Наскоро Светиниколци, што припаѓаат на од социјално ранливата категорија, ќе можат да конкурираат за стан на распишан јавниот повик. Конкурирањето ќе се реализира по електронски пат. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на општината Сашо Велковски извршија увид на завршениот објект.
-Драго ми е што во најбрз можен рок ја завршивме зградата во Свети Николе за да овозможиме 48 социјални семејства да добијат кров над глава. Сите технички процедури се завршени, останува зградата да се запише во Катастар и да се објави јавен оглас за распределба на становите. Ова е начинот како оваа Влада води грижа и за најранливите категории граѓани на кои ова им е најпотребно. Привршуваме со социјалната зграда во Виница и Пробиштип односно активно работиме на изградба на вкупно 661 стан во девет општини, изјави министерот Благој Бочварски.
Градоначалникот Сашо Велковски изјави дека изградбата на оваа социјална зграда е од особено значење за решавање на станбеното прашање на доволен број на социјално загрозени семејства во Свети Николе.
Зградата во Свети Николе чини 66 милиони денари. Објектот го гради ЈП за стопанисување за станбен и деловен простор со финансиски средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски.
Исто така, Министерот Бочварски од Свети Николе го најави започнувањето на изградбата на нова социјална зграда и во Кочани.
Убавка Јаневска