„Визија“ издаде книга на србската поетеса Марица Поповиќ од Ниш
Центарот за научна фантастика „Визија“ деновиве, како предпоследна активност за годинава ја издаде стихозбирката со наслов „Меѓу сонот и јавето“ на Марица Поповиќ. Таа е поетеса од Ниш, членка на Друштвото на писатели „Чегар“ од Ниш со кого „Визија“ остварува подолготрајна соработка. Стихозбирката содржи 48 песни посветени на љубовта, семејството и на природата. Стиховите се отпечатени на србски јазик и е наменета за србскиот пазар.
– Книгата нема допирна точка со научната фантастика. Но, секако ќе се сложите со мене дека во последно време на нашиве простори научна фантастика е да имаш мир, љубов, спокој токму во време кога неспокојот и кибернетскиот терор што го трпиме ги потиснува основните човечки доблести.
„Визија“ книгата ја издаде од сопствени сретства со цел да се градат пријателства и мостови помеѓу народите на Балканот. Михајловски вели дека издавањето на книги на македонски автори во Србија и на србски во Македонија во моментов е многу значајна поради актуелните политички случувања помеѓу двете држави на поранешна Југославија, во делот на градењето добрососедски односи. „ Промоцијата на стихозбирката „Меѓу сонот и јавето“ на Марица Поповиќ ќе се случи во Ниш, вгодина, во средината на јануари.
– Народите треба да ги спојуваат културите, традициите и поезијата како добри почетоци за понатамошни соработки, додаде Михајловски.
Авторката Поповиќ својата најнова стихозбирка ја посветува на својот син Милан додека автор на идејното решение, илустрацијата, на корицата е дело на сопругот на Милица кој по професија е ликовен уметник. Затоа од „Визија“ велат дека успеале во една стихозбирка да спојат и претстават цело едно семејство од Ниш.
Стихозбирката е издадена во 100 примероци. Марица Поповиќ била член на Книжевна Младина на Ниш во 1975 година а сега е член на Дружтвото на писатели „Чегар“ од Ниш. Поетесата досега учествувала на бројни општински, регионални и сојузни фестивали на поезија на кои е добитник на повеќе награди. Нејзините песни се објавени во повеќе Зборници на поезија во соседна Србија.
Засега, за жал промоција на стихозбирката не може да се направи во Велес поради нефункционалноста на просторот што Општина Велес му го додели на Центарот за научна фантастика „Визија“ во зградата на поранешен хотел „Вила Зора“ ./У.Ј