(ВИДЕО) Како и каде ќе ја дочекаат највеселата ноќ неготинци?
Поголем број Неготинци поради економската криза,високите цени во рестораните и скапите туристички арнажмани се одлучија Новата година да ја дочекаат во домашен амбиент или на Градскиот плоштад.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=Wz8DCOMyvo8{/youtube}Тие велат понудите за славење во кафеана се прескапи за просечниот семеен буџет. Затоа до полноќ ќе бидат дома со најблиските а потоа ќе излезат на плоштадот каде и оваа година ќе има организиран дочек.
“Јас мислам нема средства многу, на градскиот плоштад во Неготино ќе има културна програма убава и така ќе си ја пречекаме новата година“,рече неготинец.
“Ние пензионерите се знае како, со внуците дома ќе ги гледаме,младите ќе одат за нова година а ние во домашна атмосфера“,рече друг жител на Неготино.
Младите неготинци како по обичај ќе ги окупираат кафулињата и дискотеките во градот.Додека пак,политичарите решија новогодишните празници да ги искористат да поминат повеќе време со своите семејства во домашен амбиент и на полноќ да бидат со граѓаните на градскиот плоштадот. Градоначалникот на Неготино Пане Трајков заедно со неговите сограѓани ќе слави на градскиот плоштад.
“За добра забава не се пресудни финансиските средства потребна е позитивна волја добро расположение и на најсвечен начин во еден празничен амбиент украсен град да ја испратиме старата и да ја дочек новата 2013 година“,рече Трајков.
Тој е задоволен од досега сработеното. За идната година очекува да ги заврши тековните проекти и ветеното пред граѓаните.
“Меѓутоа има и проекти кои од одредени причини не се реализирани односно се во самиот почеток на реализација а тоа пред се ќе биде наша заедничка обврска да продолжиме со таа динамика како што беше во текот на 2012 да ги завршиме оние капитални објекти каде општина Неготино даде приоритет“,истакна градоначалникот Трајков.
Претседателот на советот Сашко Николов,новата година ќе ја дочека со најблиските.
“Неколку часови од најлудата ноќ ќе поминам на градскиот плоштад каде локалната самоуправа организира заеднички дочек на нова година и се надевам во една пријатна и весела атмосфера заедно со други илјадници граѓани кои ќе се одлучат на таков чекор и поклопувањето на стрелките на полноќ ќе го дочекаме весело и разиграно на градскиот плоштад“,рече Николов.
Тој е задоволен од работата на Советот и веќе ги планира наредните активности.
“Приоритет ќе дадеме на комплетната реконструкција и асфалтирање на ул Маршал Тито и партизанска како и донесување на други одлуки кои се од витално значење на граѓаните на општина Неготино“,рече Николов.
Со неговото мислење не се сложува и кандидатката за градоначалник на Неготино од СДСМ, Силвана Филипова. Според неа, Неготино веќе 4 години тоне во апатија и хаос.
“На локално ниво 2012 ќе ја запаметам по апатијата и безидејноста која завладеа во општината ниту еден инвестициски проект не беше реализиран ниту еден капитален проект не беше остварен ,нашата општина која некогаш важеше за најурбанизирана,најсредена, полека почна да заличува на запуштена касаба“,смета Филипова.
Таа со семејството дома ќе ја чека новата година, во која се надева дека Неготино ќе стане просперитетна општина.
“Во 2013 година пред се очекувам победа на локалните избори,позитивни промени,поголем број на вработувања,поголем број на странски инвестиции и конечно државата и општината да почнат да се движат во позитивна насока“,објаснува Филипова.
Деновиве Неготино го живее секојдневниот живот. И покрај тоа што од Новата година не делат два дена градот живее без празнична еуфорија. Дел од граѓаните пазаруваат, останатите велат дека само поминуваат покрај украсените излози.
