Привршуваат подготовките за одбележување на Свети Трифун во Неготино!
Со недела посветена на виното, годинава, Неготинци ќе го одбележат празникот на лозарите Свети Трифун.
На две недели пред празникот привршуваат подготовките во кои централно место земаат фестивалот на вино и промоцијата на проектот “Креирање на мрежа за европско вино, традиција, култура и експертиза“.
Готови се материјалите за презентација како што се инфо-билтен, ЦД и ДВД алманах. Сега треба уште да се промовираат.
Културните и традиционалните вредности на регионот, надалеку познат по производството на вино, годинава повторно ќе го организира фестивалот „Свети Трифун 2013 год“ на кој се промовираат вината како македонски бренд во Европа.
Од општината велат дека оваа година манифестацијата ќе се подигне на повисоко интернационално ниво со присуство на бројни посетители и директни учесници.
Ќе се напрват обиди за вмрежување и контакти кои ќе овозможат повеќекратна и корисна меѓународна соработка за развој на туризмот во општина Неготино.
Секако дека ќе се организираат и традиционалните содржини за подготовка на храна и вино, интернационалната копаничарска работилница „Стари занаети“ на која се изработуваат експонати со мотиви од виното.
Потоа манифестацијата „Ден на виното Вранец„ во Манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓија“ дегустации, натпревар на индивидуални производители на вино и ракија и друго.
Се ова ќе се случува од 10 до 15 февруари, годинава, во Неготино.