(ОБНОВЕНО)Локализиран пожарот во Гоцевата шума кај Неготино

Објавено на 4 август, 2016 во 07:30

Aктивен e пожарот кај Гоцевата шума близу неготинското село Курија, кој избувна вчера околу 16 часот. Огнената стихија зафати површина од 30 хектари. Горат трева, лозја и дел од шумата.

Силниот ветер не дозволува да се стави под контрола огнената стихија. Ноќеска, пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Неготино до еден часот по полноќ учествувала во гаснење на огнот.

Гаснеле 8 пожарникари со три противпожарни возила. И тројца пожарникари со едно противпожарно возило и една цистерна од приватна фирма дошле на помош. Во гаснењето на огнот помагале и тринаесетина работници од подружницата на „Македонски шуми“ од Демир Капија со едно возило. Од подружницата на „Македонски шуми“ најавиле и дополнителна помош.

Убавка Јаневска

 

13:00

Пожарникарите од Неготино и Кавадарци со помош на вработените од подружницата на Македонски шуми во Демир Капија го локализираа пожарот во Гоцевата шума. Првичните проценки се дека огнената стихија проголта над триесет хектари од шума, трева и лозја. Пожарот кај Неготино избувна вчера попладе. Бил пријавен околу 16 часот.

„Пламените јазици зафатија површина од околу 100 хектари. Гореа главно трева и меѓи, но зафатени беа и лозови насади и дел од шумата. Во моментов 30 наши работници се на терен“, информира Јован Јованов директор на подружницата на „Македонски шуми” од Демир Капија.

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека преку своите подрачни одделенија ја следи состојбата на терен со настанатите пожари.

Убавка Јаневска

 

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.