Неготинка касната од змија
Објавено: 27 април, 2018, во 11:46 часот
Средовечна жена од Неготино завчера била касната од змија. По укажаната помош во кавадаречката болница била пренесена на инфективната клиника во Скопје.
Според кажувањето на лекарите, жената најверојатно е касната додека работела на нива иако носела ракавици. Лекарска помош побарала неколку часа подоцна.
„ Жената ја примивме во болницата, доби серум и на почетокот немаше некои посебни симптоми. Но, по околу два часа имаше визуелни халуцинации. Не сакавме да ризикуваме и во придружба на анестезиолог ја препративме на Инфективната клиника во Скопје, поради можни задоцнети реакции – рече директорот на кавадаречката болница д-р Диме Коцев.
Лекарите апелираат до граѓаните да бидат внимателни кога работат на нивите и се движат во природа, бидејќи змискиот отров е најсилен во овој период./A.Д
