Галопира пандемијата во Тиквешијата: Нови 48 Ковид – 19 позитивни лица

Објавено на 9 ноември, 2020 во 14:40

VKOVID fin

9.11.2020

Трендот на раст на заразени со Ковид – 19 во тиквешкиот регион продолжува и денеска. Во последните 24 часа, поточно до 14.00 часот, се дијагностицирани вкупно 48 нови случаи, информираа од центарот за јавно здравје во Кавадарци. Во Кавадарци има 28 нови случаи, во Неготино 17 и 3 во Росоман. Тие се на возраст од 8 до 82 годишна возраст.

„Во Неготино има позитивен ученик од трето одделение. Во изолација се 18 учленици и 2 наставници“ информира епидемиолог од Центар за јавно здравје Кавадарци др Ристе Јовановски.

Од почетокот на епидемијата, заклучно со вчера во Кавадарци дијагностицирани се 729 случаи, а во моментов активни се 387 додека во Неготино активни се 159 случаи.

Речиси се пополнети и капацитетите на ковид одделот во кавадаречката болница каде во моментов се хоспитализирани најмалку 42 пациенти со средно-тешка клиничка слика.

Состојбата е критична, веќе има широка трансмисија на вирусот и тешко е да се следат контактите. Затоа надлежните повторно апелираат да се почитуваат мерките и да не се излегува од дома доколку нема потреба.

 Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.