Утре започнува вакцинацијата против корона вирус во Неготино

Објавено на 1 април, 2021 во 08:03

bolnica negotino

01.04.2021

Состојбата со пандемијата предизвикана од Ковид -19 во општините Неготино и Демир Капија е исклучително тешка, а овој регион е најинтензивно жариште во државата веќе подолг период. Како што стои во извештајот на Институтот за јавно здравје, овој регион се наоѓа во црвена зона, што значи дека постои широка трансмисија на вирусот.

 Од ЈЗУ Здравствен дом – Неготино информираат дека утре започнува имунизацијата на постарите граѓани на овие општини.

Од петок (02.04.2021) започнува Ковид 19 вакцинацијата на граѓани над 77 годишна возраст. Истите ќе ја примат првата доза на вакцина од производителот Астра Зенека во вакциналниот пункт на нашата установа. Вакцинацијата ќе ја вршат медицински лица од одделот за имунизација, стои во соопштението на ЈЗУ Здравствен дом – Неготино.

Од таму додаваат дека закажувањето на термини се врши преку системот “Мој Термин” од страна на матичниот лекар , кој е должен да го извести пациентот за датумот и времето на вакцинација.

Пунктот за вакцинација на граѓаните во следниот период ќе се наоѓа во просториите на ЈЗУ Здравствен дом – Неготино, во делот каде претходно се наоѓаа матичните лекари.

Сепак, почетокот на имунизацијата на дел од граѓаните не треба да значи и нивно опуштање, напротив до сите граѓани повторно се апелира на строго почитување на веќе постоечките мерки за заштита од пандемијата.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.