Нови шест ковид болни, во велешка болница седум пациенти
Објавено: 13 август, 2021, во 16:26 часот
Во Општа болница Велес, на Инфективно одделение вкупно се хоспитализирани седум пациенти сите позитивни на коронавирусот.
На кислородна поддршка се тројца пациенти, соопшти портпаролката Д-р Елеонора Јованова.
Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа регистрирани се шест нови пациенти на ковид-19. Во моментов бројот на активни случаи во Велес изнесува 35.


