Обука за прва помош во ООУ „Блаже Конески“ во Велес
Околу 100 ученици од основното општинско училиште „Блаже Конески“ вчера, се стекнаа со основни знаења по прва помош. Тие за време на обука организирана од Општинска организација на РСМ – Црвен Крст – Велес, научија за третман на рани, изгореници, крварења, срцево – белодробнооживување и останати повреди.
-Обуките во ООУ „Блаже Конески“ ја изведе демонстратор Тања Јаковлевска. Со истите се опфатија учениците од шесто, седмо, осмо и деветто одделение, соопштија од велешки Црвен Крст.
Обуките кои се реализираат во училиштата се дел од кампањата „Првата помош спасува живот“ преку која околу 1000 младинци ќе бидат опфатени од предавачите на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес и ќе се стекнат со основни знаења по прва помош.
Стефани Манева