Општина Кавадарци меѓу осумте добитници на грантови финансирани од ЕУ

Германски експерти од областа на туризмот утре ќе престојуваат во Општина Кавадарци со цел да презентираат искуства во делот на подобрување на услугите за граѓаните. Тие се дел од програмата „ЕУ за општините“ за Европската Унија која директно ги поддржува локалните самоуправи во Северна Македонија преку грантова шема со вкупна вредност од 5 милиони евра, а која им овозможи на 8 општини да добијат грантови финансирани од ЕУ во износ до 800.000 евра.
Целта на Програмата е да обезбеди поддршка на општините за подобрување на услугите на локалната самоуправа преку иновативни концепти, како и да придонесе кон локалниот економски и социјален развој на општините преку воведување иновации во развојот на нивните политики, планирањето, управувањето и капацитетот за испорака на услуги. Европската Унија обезбедува 85% кофинансирање за овие грантови, додека Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за соработка кофинансираат до 15% од вкупните прифатливи трошоци на овие проекти.
Стефани Манева
