Општина Лозово од МЗШВ бара средства за да се исчисти опожарената шума кај Милино

Објавено на 15 февруари, 2024 во 14:10

Се уште стојат изгорени стебла од боровата шума која точно пред четири месеци, на едно 40 хектари изгореа на реонот помеѓу Милино и Мамутчево. И покрај барањата на градоначалникот на општина Лозово Бошко Цветковски, надлежното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство се уште им нема даде никакви финансиски средства за отстранување на изгорените борови стебла од шумата и додава дека има некои информации дека шумата ќе се сече и дека дрвата ќе и бидат дадени на фирма која произведува пелети.

-Планираме на тој простор оваа пролет или на есен да засадиме нова шума со садници од даб, јавор и јасен и други садници кои најбрзо би се зафатиле на тој терен каде пред 50 години имаше борова шума. Како градоначалник упатувам апел до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство шумата која е опожарена да се исеќе и локалното население од социјално загрозените семејства од овој регион да биде снабдено со дрва за огрев. Исто така требаат средства и за отстранување на изгорените дрвца од пожарите на Кишински рид кај Кишино како и на други локации во општината, додава Цветковски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ќе го посети реонот на село Милино во Општина Лозово.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.