Остранета опасноста по мостот на Вардар и локално поплавување во Неготинско

Отстранета е опасноста по мостот на Вардар кај село Пепелиште и поголемо локално поплавување во Неготинско, информираат од Центарот за управување со кризи. Тие работеле на местото откако добиле информација преку единствениот број за итни случаи 112, со цел да се преземе превентивна активност на оваа локација.
-Од страна на Водостопанство АД „Тиквеш“, подружница Кавадарци вчера беше извршено чистење и отстранување на дрвната маса и друга вегетација од бетонските столбови на мостот на реката Вардар од патниот правец Неготино – Штип, близу село Пепелиште, познат како Пепелишки мост, соопштија од регионалниот ЦУК Неготино.
Пријавената опасност беше резултат од нанесените гранки и дрва, што беа како своевидна брана, на столбовите од мостот од надојдената вода на реката.
Дума.мк
