Откриен крадец во една од повеќето кражби во месноста „Сариер“ (фото)

Објавено на 30 мај, 2023 во 14:33

Полицијата расчисти едена од повеќето кражби коишто изминатите две недели се случуваат во месноста „Сариес“. Портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев, информира дека во неделата, 28 мај, во 22:50 часот бил лишен од слобода триесет годишниот А.С за извршени повеќе тешки кражби на различни локации.

-Тој се сомничи дека во периодот од 21.04.2023 до 28.05.2023 на подрачјето на СВР Велес извршил повеќе тешки кражби и кражби од индустриски погони и викенд куќи. На 21.04.2023 извршил тешка кражба во фабрика во Велес, на 24.04.2023 тешка кражба во викенд куќа сопственост на Г.Ј. во место викано „Долна Брца“, на 28.04.2023 во фабрика во Велес, на 02.05.2023 тешка кражба во викенд куќа во место викано „Три дола“ сопственост на Г.В., на 16.05.2023 тешка кражба во викенд куќа сопственост на Д.Б. во место викано „Сариер“ и на 28.05.2023 тешка кражба во гаража од семејна куќа на ул.„Вера Циривири“, сопственост на Ј.Б. од Велес, додаде Самарџиев.

Оттаму додаваат дека дел од одземените предмети се пронајдени и вратени на сопсвениците, а лицето е приведено во Полициската станица Велес и по целосно документирање на настаните ќе следува соодветна пријава.

Како што дознава Дума.мк, откриениот крадец најверојатно има логистичка поддршка од неколкумина коишто се извршители на повеќето кражби.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.