Откриена дрога и присуство на малолетници во контрола на угостителски објект во Велес
Полицијата во координација со преставници на државен пазарен инспекторат и УЈП, викендов, спроведоа акциска конторла во угостителски објекти во Велес.
Во еден од нив вкупно се констатирани три прекршоци поради откриени наркотици, присуство на малолетници и ангажирање на лице за обезбедување коешто не поседувало лиценца и договор за работа. Во Полициска станица Велес, приведени се две лица, едно за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и второ, кое го затекнале на работно место без договор за работа и без лиценца за поседување на оружје.
„Од страна на Управата за јавни приходи констатирано е дека објектот работи спротивно на Законот за регистрирање на готовина, а од страна на Државниот инспекторат за труд ќе бидат направени дополнителни проверки за утврдување на статусот на лица затекнати при извршување работа во објектот“, соопшти МВР.
Контролата во угостителскиот објект била реализирана на 29 јануари, во период од 00:00 до 04:00 часот и во истата учествувале полициски службеници од Одделот за униформирана полиција од сите сектори за внатрешни работи, во координација со претставници на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи. Акциската контрола беше спроведена во 272 угостителски локали во осум градови.
Стефани Манева