Ѓорѓи Коџабашиев: Со проектот „Рурални развојни зони“ ќе го поттикнеме економскиот развој во руралните средини
Проектот „Рурални развојни зони“ има за цел да го поттикне економскиот развој на руралните средини и да ја намали миграцијата село-град. Преку него ќе се поддржуваат инвестиции за изградба на индустриски капацитети, откупно-дистрибутивни центи, хотели со минимум 20 соби, пензионерски домови, спа-центри, болници и спортко-рекреативни центри, беше речено на денешната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ во Велес.
Со овој проект треба да бидат опфатени 27 населени места во општина Велес, а проектот предвидувал повеќе мерки за поддршка на новоотворените фирми.
– Ослободување на данокот на добивка за период од 10 години, ослободување од персонален данок на доход за вработените за период од 10 години, ослободување од плаќање социјални придонеси во висина од 50 проценти за период од 10 години, ослободување од надомест за уредување на градежно земјиште, брза трансформација на земјоделско во градежно земјиште, продажба на државно изградено земјиште по почетна цена од едно евро по квадратен метар и други, рече Ѓорѓи Коџабашиев.
Според Коџабашиев, програмата „реално“ е доказ дека економијата, вработувањата и високиот животен стандард се врвни приоритети на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија./Д.С