Ѓорѓи Коџабашиев: Четири нови градинки ќе се градат во Велес
Изградба на детски градинки во градовите и селата каде што има потреба е еден од приоритетите во изборната програма Реално на ВМРО ДПМНЕ. Кандидатот за пратеник на ДПМНЕ Ѓорѓи Коџабашиев од Велес најави отворање на 140 детски градинки, од нив сто ќе биле целосно нови, а кај четиориесет ќе се извршело проширување на просторните услови и капацитети. Во Велес, рече Коџабашиев, ќе се граделе четири нови градинки, една од нив за прв пат ќе можеле да ја посетуваат и деца од руралните средини.
– Бројот на деца кои ги посетуваат клоновите на градинките континуирано е во пораст, поради отворените нови групи и пренамената на административни простории. Вкупниот капацитет од 942 места пред неколку години, денес е зголемен на вкупно запишани 1.220 деца. Истовремено како многу успешен се покажа проектот за пренамена на административни простории во клон на Детска градинка „Димче Мирчев“ во Градско, каде предучилишно образование посетуваат деца на возраст помеѓу три и шест години, рече Коџабашиев.
Коџабашиев потенцираше дека во завршна фаза била изградбата на детската градинка во село Караслари, недостасуваш уште ентериерот. Во неа според Коџабашиев, освен мештаните, своите деца можеле да ги згрижат и вработените во фабриката „Маркарт“./Д.С