Панче Иванов: Бесплатно болничко лекување за сите граѓани во јавното здравство
Бесплатно болничко лекување за сите граѓани во јавното здравство, бесплатни стоматолошки пакети за секој матичен пациент како и бесплатна стоматолошка здравствена заштита за децата до 18 години, најави денеска кандидатот за пратеник на СДСМ од Велес, Панче Иванов.
Како дел од здравствените мерки од Планот за живот во Македонија, Иванов најави и зголемување на платите на докторите за сто проценти до крајот на мандатот. Тој рече дека основните плати на докторите специјалисти во терциерното здравство ќе изнесувале околу 1.600 евра и со тоа планирале да ги задржат во државата најдобрите кадри на државните болници и клиники.
– Покачување на капитациониот бод на матичните бод на матичните доктори на 90 денари. Зголемување на капитацијата по пациент за матични стоматолози од 40 на 70 денари. Ќе ги укинеме квотите за рецепти и боледувања. Наместо плаќање по учинок, воведуваме систем на наградување на лекарите. Ќе започнеме реконструкција и опремување на општите и клинички болници низ Македонија, како и здравствените домови, поликлиники и амбуланти, а ќе основаме и нова Итна медицинска помош. Ќе го вратиме системот на единствен универзитетски клинички центар во кој клиниките ќе функционираат поврзани, рече Иванов.
Според Планот на СДСМ, матичните пациенти ќе се регистрирале на ординации а не на доктори како досега, ќе се намалеле и преобемните административни обврски и тие немало повеќе да се казнуваат за случајно направена грешка во компјутер. Деведесет проценти од времето докторот ќе го посветувал на пациентот а не на тастатурата, компјутерот и службените дневници./Д.С