Почина 58 годишна жена во велешка болница
Објавено на 29 август, 2021 во 14:46
Жената била од Свети Николе и четири дена се лекувала на Инфективно одделение. Таа не била вакцинирана а била позитивна на Ковид-19. Исто така, во текот на вчерашниот ден од ова Одделение на ЈЗУ Општа болница Велес биле транспортирани и двајца пациенти во приватни болници во Скопје.
Денеска во велешка болница се лекуваат вкупно 37 ковид пациенти. Од нив 36 се потврдено позитивни и еден пациент е со негативен тест но, задржан на болничко лекување. Сите се лекуваат на Инфективно одделение.
На кислородна поддршка се 18 пациенти.
Од болницата денеска испишани се 4четири пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Убавка Јаневска