Почина маж од Ковид-19 во велешка болница
Објавено на 22 декември, 2021 во 12:15
Починатиот е на седумдесет и седум годишна возраст од село Оморани.
Во ЈЗУ Општа болница Велес хоспитализирани се 28 ковид пациенти од кои 17 се потврдени позитивни и единаесет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-На кислородна поддршка се 19 ковид пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница, Д-р Елена Левкова Ќулумова.
Во изминатите 24 часа еден пациент е примен на болничко лекување и еден е испишан од болница како оздравен.
Стефани Манева