Почина маж од ковид – 19 во велешка болница
Објавено на 18 октомври, 2021 во 21:04
Починатиот е на 73 годишна возраст лекуван девет дена во Модуларната болница.
Денеска во ЈЗУ Општа болница Велес се лекуваат вкупно 61пациенти, од кои 43 се потврдени позитивни,девет се сомнителни и девет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 31 пациенти.
Од вкупниот број на пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 32, во Модуларна болница 21 и на Интерно одделение осум пациенти.
Убавка Јаневска