Почина маж во велешка болница позитивен на Ковид-19
Починатиот пациент бил маж на седумдесет и четири годишна возраст од Велес.
Во велешка болница вкупно се хоспитализирани 62 ковид пациенти од кои 43 се потврдени позитивни, четворица се сомнителни и 15 пациенти се со негативен тест но задржани се на болничко лекување. Во изминатите 24 часа примени се четворица пациенти.
-Еден пациент, маж на 75 годишна возраст е преместен во приватна болница во Скопје и еден пациент е преместен од Интерно одделение на Физикална – ковид одделението во велешка болница. Во моментов на Инфективно одделение се лекуваат 44 пациенти, на Интерно Б одделение осум пациенти и на Физикална – ковид одделението 10 пациенти, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес.
На кислородна поддршка се 25 ковид пациенти.
Во велешка болница има вкупно 27 слободни кревети од нив 13 на Инфективно одделение и 14 на Физикална – ковид одделението.
Од болничко лекување испишани се четворица пациенти.
Стефани Манева