Почината велешанка од Ковид-19 во болнички услови

Објавено на 19 ноември, 2021 во 12:32

Жената била на педесет и девет годишна возраст од Велес со повеќе коморбидитети, хронична бубрежна слабост и реуматоиден артрир.

Во велешка болница вкупно се хоспитализирани 49 ковид пациенти од кои потврдени позитивни се 38, еден пациент е сомнителен и 10 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

-На Инфективно одделение се лекуваат 20 пациенти, на Интерно одделение шест и во Модуларна болница 23 пациенти, соопшти портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес, Елена Левкова Ќулумова.

На континуирана кислородна поддршка се 15 пациенти.

Во изминатите 24 часа примени се осум нови пациенти од кои четворица во Инфективно одделение и четворица во Модуларна болница.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.