Починати двајца мажи од Ковид-19 во велешка болница
Објавено: 24 декември, 2021, во 11:47 часот
Пациентите биле велешани на 64 и 83 годишна возраст, двајцата со ковид пневмониа.
Во велешка болница хоспитализирани се 25 ковид пациенти од кои 17 се потврдени позитивни и осум пациенти се со негативен тест но се задржани на болничко лекување.
-На кислородна поддршка се 10 пациенти, соопшти портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Елена Левкова Ќилумова.
На Инфективно одделение се лекуваат 18 пациенти и на Интерно Б одделение седум ковид пациенти.
Стефани Манева


