Поклон пред споменикот на илинденците во Велес по повод 23 Октомври
Со положување на свежо цвеќе и оддавање почит на македонските борци за национална слобода пред споменикот на велешките Илинденци, денеска, во Велес се одбележа 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.
Делегации на Општина Велес, на Советот на Општина Велес, на јавни институции, на здруженија на граѓани и на политички партии се поклонија и положија букети свежо цвеќе.
Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун што на 23 октомври 1893 година се случило во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов каде Христо Татарчев, Даме Груев,Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо го создаваат МРО, македонски револуционерен комитет.
Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинденското востание во 1903 и Крушевската република како и потоа преку Народно ослободителната борба резултира со создавање на самостојна македонска држава.
Денешниот настан во чест на празникот го организираше Општина Велес.
Убавка Јаневска