Полнење од денеска а пливање од среда во велешки Градски базен „Лидо“
Велешани од среда, 12 јуни, ќе можат да пливаат и да се разладуваат во Градски базен „Лидо“. Базенот од денеска ќе започне да се полни додека во среда првите капачи ќе ги прими во 9 часот. Посетителите секојдневно ќе можат да ги користат услугите за пливање и капење до 19 часот. Во исто време ќе се издаваат и угостителски услуги. За годинешниот почеток со работа на базенот е планирана забава со познат ди џеј.
-Размислуваме еднаш неделно да воведеме и ноќно капење за посетителите. Во викендите базенот ќе издава угостителски услуги и во вечерните часови. Исто како и минатата година влезницата за дневно капење изнесува 100 денари додека сезонската влезница е пуштена во продажба и чини 2.000 денари. Засега се договорени термините за работа на Пливачка школа и се преговара за вежбање на кајакари, за што базенот има услови, рече закупецот и сопственик на фирмата „Лидо“ Стојанче Илиевски.
За купување на сезонскиот билет од Градско базен „Лидо“ го ставија на располагање телефонскиот број 079/215 327.
Убавка Јаневска