Повредена 29 годишна жена во сообраќајка на улица „8 Септември“ во Велес
Сообраќајната незгода се случи на раскрсницата на улиците „8 Септември“ и „Коле Неделковски“ претпладнево во Велес кога во директен судир на два автомобили марка пежо и ауди повредена е жена, родена 1992 година која го управувала автомобилот марка пежо. На местото на несреќата интервенирала екипа на Итна медицинска помош на Здравствен дом Велес.
-На повредената и е укажана лекарска помош. Жената се жалеше на повреди на колк, на глава и на граден кош пропратени со лесни болки. Ја мобилизиравме и ја пренесовме во Хирушки амбуланти на Општа болница Велес, рече д-р Васе Поп Стефанова Панова началник на Итна помош.
Според д-р Поп Стефанова Панова возачот на возилото марка ауди не се жалел на повреди.
-Повредената жената била прегледана и според лекарите специјалисти по хирушки болести кај неа се констатирани полесни телесни повреди. Пациентката веќе е пуштена на домашно лекување, рече д-р Елена Левкова Ќулумова портпаролка на Општа болница Велес.
Во моментов блокиран е сообраќајот овој дел од улица „8 Септември“. Полицијата го регулира и ги пренасочува возилата од кружниот ток во центарот на Велес кон мост „Гемиџии“. Се чека увидот на екипата на СВР Велес.
Убавка Јаневска