Повторно се расипал единствениот патнички воз којшто сообраќа на релација Скопје – Битола – Скопје, патниците по пет часа пренесени со комбиња

Објавено на 9 ноември, 2023 во 09:38

Имале среќа патниците од Велес коишто вчера патувале со патничкиот воз којшто тргнал од Скопје во 14,30 часот во Битола. Тие во Велес стигнале навреме но, патниците кои патувале кон Битола заглавиле пред Богомила. Таму се расипал возот кои сообраќа на оваа железничка дестинација.

За Апла.мк, патници сведочат дека  вчера вечер дома стигнале дури во 21 часот. Тие раскажале дека возот се расипал кај Богомила и како чекале пет часа. Кога на крај изгубиле надеж декавозот ќе се поправи со комбиња биле пренесени до Битола. 

Пред нешто повеќе од еден месец исто така патници од Велес заглавија со возот на оваа сообраќајна дестинација и исто така Македонски железници од пред Богомила ги враќаше со комбиња до Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.