Пожар и во близина на Велес

Објавено на 5 август, 2021 во 20:28

Избувна пожар во близина на населбата Дурутовец крај Велес. Пожарот е пријавен во Територијалната против пожарна единица во Велес која на лице место интервенира со две возила и пожарникари. Пожарот се гледа и од повисоките делови на Велес од каде што граѓани фотографираа фотографии и снимаа видеа.

-Едно пожарно возило со шест пожарникари пратив на помош во Табановце. Други две одделенија со 10 пожарникари го гаснат во Велес. Голема е површината. Не сме сигурни дали ќе го локализираме брзо, рече градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.

Веста за Дума.мк ја потврди Анита Пивкова од Општина Велес и најави информации за скоро време.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.