Пожар во село Бузалково – велешките пожарникари со брза интервенција спречија негово ширење
Објавено: 22 јули, 2025, во 10:57 часот
Територијалната Противпожарна Единица Велес вчера вечер, во 21:15 часот, добила дојава за пожар во гаража во село Бузалково. На местото на настанот итно се упатени две противпожарни возила и четворица пожарникари-спасители.
По пристигнување, пожарот бил затекнат во развиена фаза, поради што било побарано дополнително засилување – дотур на вода и уште двајца пожарникари. Интервенцијата била брза и ефикасна, со што бил спречен поголем ризик и ширење на пожарот кон околните објекти.
-Во пожарот има причинета материјална штета, но благодарение на брзата реакција спречено е негово ширење и поголеми последици, соопштија од ТППЕ Велес.
Од СВР Велес додадоа дека околу 21:15 часот било пријавено дека во село Бузалково, велешко, настанал пожар во плац сопственост на Џ.С.(49) во кој биле опожарени трактор, балирачка машина за садење тутун и голема количина на тутун и јачмен.
-Во 23.30 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалнат апротивпожарна единица Велес, а повредени лица нема, додадоа од СВР Велес.
Причините за настанувањето на пожарот се сѐ уште непознати, а надлежните служби ќе спроведат увид за да ги утврдат околностите.
Стефани Манева


