Пратениците од Велес очи во очи со граѓаните
Мобилниот парламентарен караван, насловен „Собрание за граѓаните“, денеска, беше во Велес. Како дел од активностите на Собранието на Република Северна Македонија за зголемување на транспарентноста и отчетноста. Пратениците од Велес Ненад Коциќ и Игор Здравковски остварија директни средби со велешани. Освен што граѓаните добија знаења за работата на Собранието, историјата на парламентаризмот, законодавната постапка, тие имаа можност на директен начин да им поставуваат прашања на теми коишто им создаваат најсериозни проблеми. За што конкретно беа прашувани парламентарците погледнете ги двете снимени видеа.
На самиот почеток на овој настан којшто се одржа на плоштад С’рмаале ученици од велешките училишта низ цртежи упатија пораки до парламентот и ги прикажаа своите разбирања за работата и функционирањето на оваа државна институција. Помеѓу пораките воочливи беа „Македонија наша татковино најмила, те сакам“, „За Македонија живееме“, „Ја сакам Македонија“, „Ценете ја државата малку повеќе“ како и „Никогаш Северна само Македонија“.
Убавка Јаневска
фото: