Превентивна акција на СВР Велес – „Слави со срце, не со оружје“

Објавено на 25 август, 2022 во 09:45
Фото: МВР

Употребата на оружје и пиротехнички материјали може да има тешки последици и претставува директна закана по здравјето и животот на граѓаните, совесно однесување од страна на граѓаните за време на прослави и славење со срце а не со употреба на пиротехнички материјали, биле дел од препораките коишто полициски службеници во текот на вчерашниот ден им ги укажувале на граѓаните од Велес и Чашка.  Оваа превентивна акција била реализирана со цел да се разјасни што може да предизвика користењето на оружје за време на прослави и веселби.

-Активностите се реализираа на повеќе локации во населените места во околината на Општина Велес и Општина Чашка. Притоа, полициски службеници разговараа и им укажуваа на граѓаните за ризиците од употребата на оружјето при прослави и веселби, ги информираа за законските норми што го санкционираат таквото поведение и секако за опасностите од употребата на оружјето. Истовремено на граѓаните во насока на дополнително едукативно-информативно запознавање им беа делени информативни печатени материјали, а се со цел подигање на нивото на совесност и почитување на позитивната законските регулативи, соопштија од Министерство за внатрешни работи.

Фото: МВР

Оваа превентивна акција е дел од оперативниот план „Безбедно лето 2022“ и во склоп на заедничка превентивна кампања на МВР и УНДП. Истата била спроведена од страна на полициски службеници од Отсек за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес и ПС ОН Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License