Превентивна активност на ОВР Свети Николе за заштита од имотни деликти

Полициски службеници за превенција од Одделение за внатрешни работи Свети Николе при Сектор за внатрешни работи Штип, вчера, реализираа превентивна активност во насока на превенција од имотни деликти.
На повеќе локации и објекти во градот како обложувалници, златари, колонијални продавници, мобилари, фармацевтски објекти и слично полициските службеници во непосредна комуникација со граѓаните и вработените во објектите укажуваа на начините како да се превенираат имотните деликти.

-Особено беше истакната неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата, пред се преку точно и брзо пријавување на бесплатните телефонски броеви 112 и 192, а дополнително на граѓаните им беа делени едукативни печатени материјали со совети и препораки за превенција од имотни деликти, соопштија од Министерство за внатрешни работи.
Превентивната активност е во рамки на превентивен проект што се реализира под мотото „Сигурноста и безбедноста на граѓаните –наша обврска“.
Дума.мк
